🎥 МЕТ ДЕЈМОН СО СОПРУГАТА И ЌЕРКИТЕ ГО УКРАДЕ ВНИМАНИЕТО НА ПРЕМИЕРАТА НА „ОДИСЕЈА“ Ретко семејно појавување на ѕвездата на црвениот тепих во Сеул

Оскаровецот на премиерата на филмот „Одисеја“ во Сеул пристигна со сопругата Лучијана Баросо и двете најмлади ќерки кои ја освоија публиката

1

Мет Дејмон повторно беше во центарот на вниманието, на премиерата на новиот филм „Одисеја“ на Кристофер Нолан, во Сеул, Јужна Кореја, кадешто му се придружија сопругата Лучијана Баросо и нивните две најмлади ќерки, Џија (17) и Стела (15), кои со својата елеганција ги освоија фотографите и публиката.

Дејмон се појави во темнобордо одело, додека Лучијана блесна во кралско син фустан. Џија носеше долг бел фустан, а Стела светлосин модел со чипка. Семејството позираше насмеано, правејќи ги препознатливите „срца“ со рацете за обожавателите, а фотографиите брзо се проширија низ светските медиуми.






Иако важи за еден од најголемите холивудски актери, Мет Дејмон отсекогаш настојувал да го држи приватниот живот далеку од јавноста. Тој и Лучијана Баросо се во брак од 2005 година и имаат три заеднички ќерки – Изабела, Џија и Стела, а Дејмон ја смета за своја и Алексија, ќерката на Лучијана од претходнaта врска. Семејните појавувања на црвениот тепих се вистинска реткост, па затоа секогаш привлекуваат големо внимание.

Пред само еден месец, целото семејство се појави и на светската премиера на „Одисеја“ во Лондон, каде што актерот призна дека бил емотивен кога ги видел сите четири ќерки покрај себе. Во неодамнешно интервју изјави дека најголема среќа му е што неговите деца можат да патуваат со него и да ги запознаваат земјите во кои ги промовира своите филмови. Во Сеул откри дека токму ова било прва посета на Јужна Кореја за неговата сопруга и двете најмлади ќерки.

Во „Одисеја“, режирана од Кристофер Нолан, Мет Дејмон ја толкува главната улога на Одисеј, додека во актерската екипа се и Том Холанд, Ен Хатавеј, Зендеја, Шарлиз Терон, Роберт Патинсон и Лупита Нионго. Филмот веќе бележи голем успех во кината, а Дејмон добива одлични критики за својата изведба.

Поврзани содржини