ДЕСЕТТЕ МИНУТИ БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ ОСТАНУВААТ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ТАВ се премисли за ограничувањето на влезовите во „Hug & Fly“

Возачите и натаму ќе можат бесплатно да застанат до 10 минути за да остават или земат патници. Повлечено е најавеното правило според кое едно возило ќе можеше бесплатно да влезе само еднаш во 24 часа.

0

Десетте бесплатни минути пред терминалот на Меѓународниот аеродром Скопје остануваат, но паѓа најавеното ограничување за бројот на влезови. ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која едно возило требаше да има само еден бесплатен влез во зоната „Hug & Fly“ во период од 24 часа.

Практично, за возачите засега продолжуваат да важат старите правила: може да влезат во зоната повеќепати, а секое кратко застанување за оставање или земање патници останува бесплатно до 10 минути.






„Зоната Hug & Fly на Меѓународниот аеродром Скопје, засега, ќе продолжи да функционира без промени во досегашните услови и правила за користење“, соопшти ТАВ Македонија.

Компанијата наведува дека ваквиот режим ќе остане сè до имплементацијата на потребната придружна инфраструктура.

„Зоната Hug & Fly останува достапна за бесплатно кратко застанување до 10 минути за оставање и земање патници“, нагласуваат од ТАВ.

Поврзани содржини