ДЕСЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР НА 3 ВОЗИЛА Хаос на патот Кичево-Охрид

Во несреќата кај селото Другово учествувале три патнички возила, а најтешко е повреден 79-годишен сопатник.

0

Десет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на кичевското село Другово.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена на 27 јули 2026 година во 13:35 часот во ОВР Кичево, а во неа учествувале три патнички возила.






Станува збор за возило „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(76) од Прилеп, „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(41) од Скопје, и „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(48) од кичевското село Грешница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „цитроен“, С.Р.(79) од село Грешница.

Со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, како и нивните сопатници Г.Р.(45) од село Грешница, Ц.М.(76) од Прилеп, М.П.(34) од Скопје и нејзините две малолетни деца.

Сите повредени лица биле пренесени во Медицинскиот центар во Кичево, каде што им била укажана медицинска помош и биле констатирани повредите.

На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а се работи на утврдување на причините и околностите под кои се случила сообраќајката.

Поврзани содржини