🎥 ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ШУТНА ШИШЕ КОН ПУБЛИКАТА Снимка од концертот предизвика лавина реакции
Откако испрска дел од публиката со вода, легендарниот пејач го шутна шишето кон обожавателите, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.
Здравко Чолиќ сè уште настапува со полн интензитет, но неговиот потег на неодамнешниот концерт во Требиње предизвика вистинска лавина од коментари на социјалните мрежи.
На концертот, пред околу 15 илјади посетители, легендарниот пејач во еден момент отвори шише вода, ја испрска публиката, а потоа со нога го шутна кон насобраните обожаватели.
Додека дел од присутните овој потег го сфатија како спонтан дел од атмосферата и забавата, други сметаат дека бил непримерен и непотребен.
Снимката од концертот набрзо се прошири на социјалните мрежи, каде што следуваа бројни коментари.
– Што му е? Полудел на стари години! Што е ова? Што му се случило? – напишаа дел од корисниците.
Најголем дел од критиките се однесуваа на тоа што шишето можело да погоди некого во публиката и да предизвика повреда.
Сепак, ова не е првпат Чолиќ да направи нешто слично на концерт. Пред две години, за време на настап во Црна Гора, исто така ја испрска публиката со вода, а реакциите тогаш беа речиси идентични – едни ја поздравија неговата непосредност и желба да воспостави контакт со обожавателите, додека други сметаа дека претерал.
Овојпат расправата дополнително се разгоре токму поради моментот што шишето заврши во публиката, што повторно отвори дебата за границата меѓу забава и несоодветно однесување.
@ssatreb