🎥 МЕТРОТО ЗА МАЧКИ СТАНА ХИТ НА ИНТЕРНЕТ Млад креатор изгради минијатурен подземен превоз со ескалатори и автоматски врати

Проектот е дел од „Градот на мачките“ – минијатурен град за мачки, кој кинескиот креатор Синг Жилеј го гради веќе неколку години.

1

Минијатурно метро во кое првите патници се мачки стана вистински хит на социјалните мрежи. Кинескиот креатор Синг Жилеј (Xing Zhilei), познат по проектот „Град на мачките“ (Cat Town), по четири месеци работа изгради целосно функционална метро-станица со воз што навистина сообраќа, автоматски перонски врати, звучни најави и ескалатор.

Метрото е само најновото дополнување на неговиот необичен град за мачки, во кој веќе има супермаркет, кино, ресторан, гаража, базен, куќи и други минијатурни објекти што мачките навистина ги користат. Сите детали се изработени рачно, со комбинација од дрво, електроника и 3Д-печатени елементи.






Жилеј вели дека најголем предизвик било синхронизирањето на вратите на возот и перонот, како и изработката на функционален минијатурен ескалатор. Проектот го започнал по бројните барања од своите следбеници, а денес „Cat Town“ се смета за еден од најкреативните минијатурни проекти на интернет.

Неговото последно видео, со новоизграденото метро а мачки, за два дена имаше повеќе од 100 милиони прегледи.

 

Поврзани содржини