Бугарите бесни: Плаќаме повисоки даноци поради 3.526 Македонци со бугарски пасоши
Дерегистрацијата дојде откако селаните испратија писмо до обвинителството и полицијата со барање да престанат со оваа практика на регистрација на Македонци на туѓи или непостоечки адреси.
Во селото Рилци во Благоевград во тек е дерегистрација на бугарски државјани од Македонија, кои се регистрирани како да живеат на улица со непостоечки број. Локалното население во селото брои 789 лица, а регистрираните Македонци се 3.526 лица. Сите ќе бидат избришани од избирачките списоци доколку не доставиле апликација со желба за гласање, пишува бугарски trud.bg.
Дерегистрацијата дојде откако селаните испратија писмо до обвинителството и полицијата со барање да престанат со оваа практика на регистрација на Македонци на туѓи или непостоечки адреси.
Исто така, се покажа дека заради запишаните илјадници Македонци, категоријата на населбата исто така е променета, поради што жителите плаќаат повисоки локални даноци и такси. Откако ќе заврши процесот на дерегистрација, канцеларијата на градоначалникот ќе ја смени категоријата на населено место од петта во шеста и со тоа ќе ги намали даноците за луѓето.
Таков проблем има во соседните села во Благоевград и другите населени места како што се Сандански, Петрич и Кресна. Околу 30.000 Македонци се регистрирани во регионот. Во селото Бело Поле во Благоевград има и регистрирани непостоечки броеви, а таму на една адреса се регистрирани над 600 живи Македонци. Вкупно, во селото се регистрирани скоро 10.000 Македонци. Процесот на дерегистрација се очекува да започне и таму.
Инспекција во селото Рилци утврди дека Македонците се регистрирани до 2019 година со кршење на законските услови.