📽️ БРЗА РЕАКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА, ГО НАШЛЕ ОД ВИДЕОТО „Фолскваген“ возеше кај пешаците на Кеј

Скопската полиција реагирала откако на социјалните мрежи се појавила снимка од „фолксваген туран“ на патеката покрај реката. Возачот бил пронајден, повикан во полиција и санкциониран.

13

Видео објавено на „ТикТок“ ја однесе полицијата до возачот кој со автомобил се движел по пешачката патека покрај Вардар во Скопје. СВР Скопје соопшти дека мажот е пронајден и денеска, 18 септември, е повикан во полиција.

„На видеото се гледа како непознато машко лице управува патничко моторно возило ‘фолксваген туран’ со скопски регистарски ознаки по пешачката патека покрај реката Вардар, односно по несоодветна сообраќајна површина.“






По објавувањето на снимката, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје презело мерки за да го идентификува возачот.

„Возачот е пронајден и денеска (18.09.2026) е повикан.“

Полицијата му составила записник за прекршок според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Случајот веќе е завршен и со плаќање на изречената санкција.

„На сторителот му е сочинет записник за констатиран прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој од негова страна е платен“.

Поврзани содржини