Брнабиќ: Тоа што ѝ се случи на Македонија е опасен преседан

Европските интеграции не смеат да се поврзуваат со билатералните прашања или ако се поврзуваат со билатерални прашања треба јасно да биде дека тоа е затоа што тие мора да се решат за да не се внесувале отворени прашања во ЕУ, вели Брнабиќ.

479

Тоа што и се случи на Северна Македонија е опасен преседан. Билатералното прашање на интерпретација на потеклото на некој јазик или историја не е прашање кое треба да се однесува на ЕУ, изјави премиерката на Србија, Ана Брнабиќ на прес-конференција во Охрид, каде учествува на Преспа форумот за дијалог.

– Ќе видиме што ќе се случува во иднина, но мислам дека тоа што и се случи на Северна Македонија е опасен преседан. Европските интеграции не смеат да се поврзуваат со билатералните прашања или ако се поврзуваат со билатерални прашања треба јасно да биде дека тоа е затоа што тие мора да се решат за да не се внесувале отворени прашања во ЕУ. Мислам дека билатералното прашање на интерпретација на потеклото на некој јазик или историја не е билатерално прашање кое треба да се однесува на ЕУ. Поради тоа мислам дека тоа е лош преседан, кој е направен и се надевам дека нема да гледаме такви преседани во иднина. Но, се плашам дека е можно дека е отворена Пандорината кутија. Но, ако така продолжат европските интеграции тоа е спротивно на сите европски вредности. Треба да се обидеме да најдеме заеднички работи, да гледаме во иднината. Овде не гледаме во минатото, туку во многу далечно минато кое при тоа е предмет на наши лични интерпретации – рече Брнабиќ на новинарско прашање коментирајќи го недобивањето датум за старт на преговори за земјава на јунскиот самит на ЕУ.






Таа изрази надеж дека ќе прашањето ќе биде надминато и дека до крајот од годината земјата ќе добие одлука за почеток на преговорите, кои ги има и тоа како заслужено, а што, според неа, е во интерес и на целиот регион.

– Искрено верувам дека регионот може да биде стабилен само ако сите заедно релативно со исто темпо напредуваме кон ЕУ и доколку не се прават огромни разлики, рече премиерката на Србија, изразувајќи поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија и Албанија.

Таа посочи дека овој форум е потсетување на Преспанскиот договор на тоа дека дијалогот е важен и помогна да се најде решение на едно комплексно и тешко прашање меѓу Скопје и Атина и оти дијалогот нема алтернатива.

Во однос на европската перспектива на земјите од Западниот Балкан, фокусот, според неа, е на тоа што можеме заедно да сработиме за подобрување на квалитетот на животот на жителите на регионот. Една од најдобрите работи, смета Брнабиќ, е укинувањето на роаминг тарифата, и во целиот овој регион цените се практично како дома.

– Тоа е нешто што токму ние го постигнавме во рамки на регионалната соработка со помош на ЕУ и на Советот за регионална соработка. Постојат уште многу работи кои ние можеме и мораме да ги постигнеме за овој регион да биде не само поподготвен за евроинтеграциите, туку и луѓето да живеат подобро и поквалитетно, и пред се да им покажеме на нашите млади луѓе дека е можна поинаква иднина, дека регионот има јасна перспектива и дека ние сме способни да бидеме прагматични, да ги оставиме на страна некои тешки политички прашања и за нив да разговараме на некој друг форум, а кога ќе се сретнеме вака да разговараме за работи кои не се многу поврзани со политиката, туку со квалитетот на животот – рече Брнабиќ.

Таа најави дека се враќа во Белград и оти попладнево ќе продолжат разговорите за Мини шенген – Србија, Северна Македонија, Албанија на кои ќе учествува и претседателот на Србија Александар Вучиќ, на кои ќе стане збор за конкретни проекти кои можат да бидат имплементирани

Поврзани содржини