СО МРЕЖИ ЦРПЕЛЕ РИБИ ОД МАВРОВСКО ЕЗЕРО Се бараат рибарите што незаконски ловеле

Националниот парк „Маврово“ ги повикува граѓаните, риболовците, посетителите и љубителите на природата да пријават незаконски риболов, поставување мрежи или други активности што ја загрозуваат природата.

0

При редовна контрола на Мавровското Езеро, овластени лица од Националниот парк „Маврово“ пронашле и отстраниле незаконски поставени риболовни мрежи.

За случајот ја известиле Полициската станица во Маврови Анови. Во координација со надлежните институции се преземаат мерки за утврдување на околностите и одговорноста.






Од Националниот парк „Маврово“ најавуваат дека контролите на езерото ќе продолжат, а целта е заштита на рибниот фонд и спречување на незаконското користење на природните ресурси.

Националниот парк „Маврово“ ги повикува граѓаните, риболовците, посетителите и љубителите на природата да пријават незаконски риболов, поставување мрежи или други активности што ја загрозуваат природата. Пријавите може да се достават до надлежните служби.

Навременото известување може да спречи поголема штета и да придонесе за зачувување на Мавровското Езеро. Сите утврдени прекршувања ќе бидат документирани и пријавени, а сторителите ќе одговараат согласно закон. Заштитата на езерото е заедничка одговорност на институциите и на граѓаните, додаваат од Националниот парк.

Поврзани содржини