БОЛЕСТ НА КРВТА И ГО СПАСИ ЖИВОТОТ?! Објаснети нови детали за неуспешната егзекуција на Криста Пајк
Кристи Пајк е осудена на смрт за убиството на 19-годишната Колин Слемер во 1995 година. По прекинатиот обид за погубување, таа десет дена била во болница, а гувернерот на Тенеси наредил независна истрага.
Адвокатите на Кристи Пајк, затвореничка осудена на смрт во американската сојузна држава Тенеси, уште во јануари годинава предупредиле дека нејзината здравствена состојба може да доведе до исклучително болно и комплицирано погубување со смртоносна инјекција.
Во судски поднесок од 8 јануари 2026 година, адвокатите навеле дека Пајк боледува од миелопролиферативно нарушување – ретка форма на рак на крвта, поврзана со зголемен број тромбоцити, објави „People“.
Според нив, оваа состојба може да го зголеми ризикот од развој на белодробен едем за време на извршувањето на смртната казна, што може да предизвика чувство на задушување и сериозно страдање.
Адвокатите укажале и на проблеми со нејзините вени, поради кои е отежнато пронаоѓањето соодветно место за внесување на лековите. Тие навеле дека медицинскиот персонал во затворот при земањето крв користи посебна игла, со која се намалува ризикот од повреди.
Предупредувањата се покажале како особено значајни на 30 септември, кога обидот за извршување на смртната казна врз Пајк бил прекинат откако медицинскиот тим наишол на проблеми при поставувањето интравенски линии.
Пајк преживеала два обида за внесување смртоносни супстанции. По инцидентот, десет дена поминала во болница, а потоа била вратена во затворскиот рехабилитациски центар „Дебра К. Џонсон“, каде што поголемиот дел од времето го поминува во самица.
Нејзините адвокати побарале од судот да ѝ биде овозможено да излезе од самица. Се очекува двете страни во текот на оваа недела да ги достават своите аргументи.
Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, ги суспендирал преостанатите погубувања во сојузната држава за оваа година и наредил независна истрага за неуспешниот обид за извршување на смртната казна.
Кристи Пајк е осудена на смрт за убиството на 19-годишната Колин Слемер во 1995 година. Тогаш 18-годишната Пајк ја мачела девојката заедно со својот тогашен дечко, а потоа ја убила со нож.