ВЕСТМИНИСТЕРСКАТА ПАЛАТА Е ИЗЛОЖЕНА НА КАТАСТРОФА Британските пратеници бараат итна реконструкција на зградата во која се наоѓа парламентот

Без преземање соодветни мерки, историската зграда во која се наоѓа седиштето на британскиот парламент ќе почне неконтролирано да пропаѓа, пренесува „Скај њуз“.

0

Комитетот за јавни сметки на Долниот дом на британскиот парламент денеска предупреди дека Вестминстерската палата е изложена на опасност од „катастрофален настан“ како што беше пожарот во катедралата „Нотр Дам“ во Париз во 2019 година, доколку не започне итна реконструкција на објектот.

Комитетот наведува дека без преземање соодветни мерки, во најдобар случај, историската зграда во која се наоѓа седиштето на британскиот парламент ќе почне неконтролирано да пропаѓа, пренесува „Скај њуз“.






Комитетот за јавни сметки во најновиот извештај проценува дека неделните трошоци за одржување на парламентарната зграда во наредните години ќе се зголемат од 1,5 милиони на два милиона фунти (2,4 милиони евра). Комитетот предупредува и дека секоја година одложување на програмата за реконструкција ќе ги зголемува трошоците за нејзино спроведување за дополнителни 420 милиони фунти (503 милиони евра).

Извештајот е објавен пред серијата гласања во Парламентот за идниот правец на програмата за обнова на Вестминстерската палата, што требаше да се одржат претходно годинава, но беа одложени.

Поврзани содржини