БЕСПЛАТНО ПАРКИРАЊЕ ВО СКОПЈЕ ЗА ВЕЛИГДЕН Каде ќе се плаќа, а каде не?

Граѓаните ќе мора да платат за паркирање во зоната А0 на Водно, како и на дел од јавните паркиралишта.

376

Во текот на Велигденските празници, в недела и в понеделник, на зонските паркиралишта кои се во надлежност на ЈП „Градски паркинг“ нема да се врши наплата за паркирање.

Исклучок од ова е зоната А0 на Водно, каде што граѓаните ќе мора да платат за паркирање.






Од претпријатието информираат дека во наредните 2 дена наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта: Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември, додека, пак, редовна наплата ќе има во катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, како и на сите останати јавни паркиракишта – Кочо Рацин, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и Клинички центар „Мајка Тереза“.

Поврзани содржини