БАРАЛ ОД 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ДА ГО ДОПИРА ПО ТЕЛОТО Уапсен 86-годишен манијак
86-годишниот Д.Т. од Скопје околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал таа да го допира по телото, соопшти МВР.
На 13.05.2026 во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 86-годишниот Д.Т. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, се вели во билтенот на МВР.