„СКАНИЈА“ ОД БОСНА СЕ СУДРИЛА СО ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО КАЈ ГЕВГЕЛИЈА Еден полицаец е повреден
Во несреќата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник Р.П., констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.
На 13.05.2026 во 15:00 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на автопатот „Пријателство”, во правец од Скопје кон Гевгелија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат линеа”, сопственост на МВР, а управувано од Р.П.(30) и товарно возило „сканиа” со полуприколка со босански национални ознаки, управувано од Р.М.(42) од Босна и Херцеговина.
Во несреќата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник Р.П., констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.