Ѝ ВЕТИЛЕ ДРЖАВНА РАБОТА, Ѝ ЗЕЛЕ 152.000 ДЕНАРИ Скопјанка „фаќала врски“ преку социјална мрежа и дала мито
Во неколку наврати, жената и нејзиниот татко им давале пари, верувајќи дека навистина ќе добие работа.
Скопјанка пријавила во полиција дека таа и нејзиниот татко биле измамени од две лица кои им ветувале вработување во државна институција, а за возврат им зеле вкупно 152.000 денари, информира МВР во билтенот.
Во СВР 47-годишна жена од Скопје пријавила дека е измамата се случувала во периодот од 4 до 6 мај. Според нејзината пријава, таа преку социјална мрежа и телефонски контактирала со жена и маж, кои подоцна дошле и во нејзиниот дом. Двајцата ѝ ветувале дека ќе ѝ обезбедат вработување во една од државните институции.
Во неколку наврати, жената и нејзиниот татко им давале пари, верувајќи дека навистина ќе добие работа. Откако сфатила дека од ветеното вработување нема ништо, случајот го пријавила во полиција.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.