ЈА УБИЛ 2-ГОДИШНАТА ЌЕРКА, ПА СЕ ОБЕСИЛ Трагедија во Босна и Херцеговина

Убиството и самоубиството се случиле во селото Каберник во близина на Вишеград попладнево околу 16 часот, случајот го пријавиле роднините на Е.Д. (49) откако тој им испратил проштално писмо.

119

Тешка и шокантна семејна трагедија се случи денеска во близина на Вишеград, Босна и Херцеговина – Е.Д. (49) од областа Горажде го убил своето дете, а потоа извршил самоубиство.

Убиството и самоубиството се случиле во селото Каберник во близина на Вишеград попладнево околу 16 часот.

Случајот го пријавиле роднините на Е. Д. откако тој им испратил проштално писмо.

Веднаш по пријавата, припадници на вишеградската полиција излегле на терен и ги пронашле телата.

Според неофицијални информации, двете тела биле обесени.

Мотивот за грозоморниот настан засега е непознат.

Окружното јавно обвинителство во Источно Сараево нареди обдукција на телата на таткото и детето.

„Дежурниот обвинител ја водеше истрагата на лице место и нареди да се преземат сите истражни мерки и дејствија за да се утврдат сите околности на овој трагичен настан. Наредена е обдукција за да се утврди точното време и причина за смртта“ соопшти Обвинителството.

Според локалните медиуми, Е.Д. бил разделен од сопругата.

Според сведоштвата на луѓе блиски до него, на денот на трагедијата не дал никакви индикации за таков исход.

– Околу 1 часот го повикале од градинката да дојде бидејќи детето имало треска. Што се случило потоа, никој не знае – рекол еден од познаниците.

Тој додава дека мажот потоа отишол во родното село во близина на Вишеград и контактирал со неколку луѓе по телефон, вклучувајќи и членови на семејството.

Луѓето што го познавале го опишуваат како одговорен и посветен родител, но исто така наведуваат дека во последно време се повлекол, особено по разделбата од сопругата.

  • =Беше многу приврзан кон својата ќерка, постојано се грижеше за нејзиното здравје – рекол соговорникот.
Поврзани содржини