СДСМ И ФИЛИПЧЕ МОЛЧЕА ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, СЕГА ГЛУМАТ ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА АЛТА БАНКА Сега се постапува институционално, тогаш со криминал
Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и на прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДСМ и до Зоран Заев, како и на повлекувањето на 250.000 евра од тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката, како и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Лицемерието на СДСМ и на Венко Филипче повторно излегува на површина, денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Каде беа тогаш Филипче и СДСМ? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и за сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката? Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и на прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДСМ и до Зоран Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250.000 евра, потсетува партијата.
„Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација. Затоа, денес СДСМ звучи премногу лицемерно. Не може СДСМ да глуми загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДСМ и прашањата кои останаа неодговорени од вчера“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки, се додава во соопштението.
„Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал. Двојните аршини на СДСМ нема да поминат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.