📽️ ЕВЕ КАКО МОЖЕ ДА ИЗГЛЕДААТ 77 ГОДИНИ… Вера Ванг во осмата деценија покажа рамен стомак и смела модна комбинација

Познатата модна дизајнерка повторно привлече внимание со својот изглед, овојпат на доделувањето на модните награди ЦФДА за 2026 година во Њујорк. Во црн топ без прерамки и долго здолниште, Вера Ванг ја истакна витката фигура и покажа дека не се откажува од смелите модни избори ниту на 77 години.

91

Вера Ванг (77) повторно беше меѓу најзабележителните гостинки на црвениот тепих. Легендарната модна дизајнерка се појави на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (ЦФДА), во Американскиот природонаучен музеј во Њујорк.

За свеченоста избра црн топ без прерамки, комбиниран со долго здолниште, а минималистичката комбинација го истакна нејзиниот рамен стомак и витката линија. Изгледот го надополни со црна кожна јакна префрлена преку рамениците и впечатлив голем златен прстен.






На црвениот тепих друштво ѝ правеше американската балерина Клои Миселдајн, која исто така носеше црн топ, но го комбинираше со долго бело здолниште.

На овогодишното доделување на наградите ЦФДА, кои се сметаат за едни од најзначајните признанија во американската модна индустрија, водителка беше актерката Кеке Палмер. Меѓу номинираните беа Мајкл Корс, Тори Бурч, Ралф Лорен, Вили Чаварија и сестрите Мери-Кејт и Ешли Олсен, основачки на модната марка „The Row“.

Ентони Вакарело, креативниот директор на модната куќа „Сен Лоран“, беше прогласен за меѓународен дизајнер на годината. Посебно признание за придонес во позитивните промени во модната индустрија доби Тори Бурч, додека Питер Марино беше награден со признанието за модна икона.

Ванг и претходно повеќепати привлекувала внимание со смели комбинации, без оглед на возраста. Во август беше забележана и на тенискиот турнир Ју-Ес опен, каде што се појави во впечатлива црно-бела комбинација што повторно ја истакна нејзината витка фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Wang (@verawang)


Познатата дизајнерка со години се спротивставува на предрасудите за тоа како треба да се облекуваат жените на одредена возраст. Таа смета дека годините не треба да го диктираат личниот стил, ниту да бидат пречка за експериментирање со модата.

Во разговор за проектот „100 Women“ на Би-Би-Си во 2022 година, Ванг откри и што смета за свој „еликсир на младоста“. Според неа, најмногу ѝ помага работата, а низ шега ги спомена и коктелите со вотка и деветте часа спиење.

Со мода почнала да се занимава на 18 години, откако се откажала од кариерата во уметничко лизгање. На само 23 години стана најмладата модна уредничка во историјата на списанието „Вог“, а околу две децении подоцна ја основаше сопствената модна марка.

 

 

Поврзани содржини