📽️ ДРАМА ВО ШПАНИЈА, ФУДБАЛЕР СЕ БОРИ СО СРЦЕВ ЗАСТОЈ Голманот со кој се судри доби црвен картон

Напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел, ја загубил свеста по силниот удар на натпреварот против Андора. Неговата состојба е стабилна, но сериозна, соопшти шпанскиот клуб.

158

Драматични сцени го прекинаа натпреварот меѓу Тенерифе и Андора во Шпанија, откако напаѓачот Хесус де Мигел доживеал срцево-респираторен застој по тежок судир со противничкиот голман. Медицинските екипи успеале да го стабилизираат, но фудбалерот бил пренесен на интензивна нега во сериозна состојба.

Несреќата се случила во судиското продолжение, при резултат 2:2.






Де Мигел тргнал кон висока топка, додека голманот на Андора, Хесус Овоно, истрчал надвор од шеснаесетникот за да интервенира.

Следувал силен судир, по кој напаѓачот паднал на тревникот и ја загубил свеста.

Фудбалерите на двата тима веднаш повикале медицинска помош, а лекарските екипи неколку минути му укажувале помош на теренот.

 

Судијата Перез Ернандез му покажал црвен картон на голманот Овоно, по што го прекинал натпреварот.

Според шпанскиот весник „АС“, Де Мигел по ударот доживеал срцево-респираторен застој.

Лекарите успеале да ја стабилизираат неговата состојба во возилото на итната помош, но тој и понатаму бил без свест.

Фудбалерот итно бил пренесен во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“, каде што бил сместен на одделот за интензивна нега.

Од Тенерифе потврдиле дека неговата состојба е стабилна, но сериозна.

„Хесус де Мигел се наоѓа на одделот за интензивна нега. Неговата состојба е стабилна, но и понатаму сериозна. Медицинската служба на клубот е во болницата и ќе ја информира јавноста кога ќе има нови информации“, соопштиле од клубот.

Поврзани содржини