📽️ ТРАМП САКАШЕ ДА ЈА НАВРЕДИ НОРВЕШКА, Ѝ НАПРАВИ РЕКЛАМА Славните „нужници“ станаа туристичка атракција

Американскиот претседател ја навреди Норвешка, а нејзината туристичка организација реши да не му одговори со политичка расправија. Наместо тоа, објави фотографии од спектакуларни јавни тоалети, изградени меѓу фјордови, планини и арктички пејзажи.

210

Шефот на САД Доналд Трамп сакал да ја навреди Норвешка нарекувајќи ја „земја-нужник“, но Норвежаните ја претвориле неговата навреда во туристичка реклама.

Официјалната туристичка организација „Визит Норвеј“ (Visit Norway) одговорила со фотографии од некои од најубавите јавни тоалети во светот, сместени на места од кои се отвора поглед кон фјордови, планински врвови и Арктичкиот Океан.






Наместо дипломатска кавга, американскиот претседател добил доза на скандинавски хумор.

– Слушнавме некаква врева околу „земја-нужник“. Па, што да се каже, навистина имаме едни од најубавите тоалети во светот. Со љубов, „Визит Норвеј“ – порачала туристичката организација.

Повод за необичната рекламна кампања бил говорот на Трамп во Мичиген, во кој тој употребил погрден израз за Норвешка и зборувал против доселувањето Норвежани во САД.

Трамп ја нарекол Норвешка „земја-нужник“ во неделата, на 25 октомври 2026 година, за време на предизборен митинг во Порт Хјурон, Мичиген, САД.

– Искрено, Норвешка е ужасна. Норвешка всушност стана земја-нужник – рекол Трамп.

Причината за неговиот гнев била Нобеловата награда за мир, која не ја доби. На истиот митинг изјавил дека не сака имигранти од Норвешка во САД.

Трамп и лани се жалеше дека не ја доби наградата.

Но наградата не ја доделува норвешката влада, туку независниот Норвешки нобелов комитет.

На тоа потсетил и норвешкиот министер за надворешни работи Еспен Барт Ајде.

– Тој одлично знае дека Нобеловиот комитет е независен. Го потсетивме на тоа и тоа останува непроменето – изјавил Ајде.

Во меѓувреме, се емитува рекламата за норвешките јавни тоалети.

На некои локации архитектите морале да размислуваат не само за изгледот, туку и за екстремните временски услови.

Таков е случајот со Оскарсхауг, на туристичкиот пат Согнефјелет, каде што тоалетот морал дополнително да биде зајакнат со челична конструкција.

Од туристичката организација се пошегувале дека објектот личи на викиншки шлем.

Норвешка подготвува и нов архитектонски необичен тоалет, инспириран од шумата.

За неговата изградба се користи суво дрво од приближно 60 до 70 стебла, а завршениот објект треба да изгледа како превртен трупец чии корени го држат покривот.

Поврзани содржини