ЗА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ НЕМА МЕСТО ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА? Портпаролот Песков вели дека таква можност не е разгледувана

Тоа, најверојатно, се разгледувало во редакцијата на „Фајненшл тајмс“ - посочи Песков.

60

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека до сега не е разгледувана можноста европски земји да учествуваат во трилатералните преговори Русија, САД и Украина.

Неговата изјава уследи откако „Фајненшл тајмс“ објави дека САД ја разгледуваат можноста во преговорите да се вклучат претставници на Велика Британија, Франција и Германија.






– Не, за тоа не се разговараше со никого. Тоа, најверојатно, се разгледувало во редакцијата на „Фајненшл тајмс“ – посочи Песков.

Тој исто така истакна дека рускиот претседател Владимир Путин е отворен за контакти со сите лидери со цел да се изнајде мирно решение за конфликтот во Украина.

– Ако разумот преовлада во Европа, бројот на политичари што контактираат со Русија ќе се зголеми. Ако не, тогаш нема да се зголеми – посочи Песков.

Тој додаде дека ова на никаков начин нема да влијае на процесот на трилатералните преговори.

Според најавите трилатералните разговори ќе се одржат следниот месец, најверојатно во Абу Даби.

Поврзани содржини