ЕДС се најде меѓу Топ 200 најуспешни и најголеми компании во државата, што претставува значајно признание за досегашното работење и развој на компанијата, како и за нејзината позиција во домашниот деловен и енергетски сектор.
Рангирањето е објавено во реномираното годишно издание 200 најголеми и најуспешни кое го подготвува Еуро Бизнис Центар, во соработка со Централниот регистар.
Вклучувањето во оваа листа е уште една потврда за континуираниот развој на ЕДС и успешното работење на компанијата на пазарот на електрична енергија. Во услови на динамичен енергетски пазар и зголемени барања од страна на деловните корисници, ЕДС продолжува да го развива своето портфолио и начинот на работа, со фокус на сигурно снабдување, конкурентни услови и решенија прилагодени на потребите на компаниите.
– Местото меѓу Топ 200 најуспешни и најголеми компании во земјата е признание за целиот тим на ЕДС и за посветеноста со која работиме секојдневно. Нашиот фокус е да продолжиме да растеме како компанија, но истовремено да останеме блиску до нашите клиенти и нивните потреби. Веруваме дека токму комбинацијата на професионалност, разбирање на пазарот и ориентираност кон клиентите е основата за долгорочен успех – изјави Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.
За ЕДС, ова претставува дополнителен поттик за продолжување на стратегијата на одржлив раст и развој, со постојано унапредување на услугите и создавање поголема вредност за деловните корисници.
Позиционирањето меѓу Топ 200 компании во земјата е потврда дека ЕДС денес е значаен дел од деловна заедница и енергетскиот пазар, но и обврска за компанијата и понатаму да поставува високи стандарди во своето работење.