ПРОДАВАЛ ЧВАРКИ ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, ГИ ПРАВЕЛ ВО НЕХИГИЕНСКИ УСЛОВИ Два тона месо одземени во Радовиш

Одземените количини месо денеска ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

164

Околу 2 тона небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо се одземени при вонредни контроли во Радовиш. Одземените количини месо денеска ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера спровеле вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.






Од лицето кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи биле без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите, соопшти Агенцијата.

 

Поврзани содржини