🎥 МИЦКОСКИ ИМА СО ШТО ДА СЕ ПОФАЛИ Набавени се 535 возила за војската, полицијата, царината, поштата…

Како Влада, инвестираме во модернизација на институциите, подобри јавни услуги и поголема безбедност за сите граѓани. Се грижиме за потребите на граѓаните и градиме посилна, поефикасна и современа држава, објави премиерот Христијан Мицкоски.

0

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео на Фејсбук на кое се прикажани новите возила што ги набави Владата во изминативе месеци за повеќе институции.

„100 нови амбулантни возила за македонското здравство. 26 нови специјализирани возила за модернизација на царината со поддршка од ЕУ. 65 нови мултифункционални комунални возила.
100 нови возила за потребите на македонска пошта. 120 нови возила за македонската полиција.
124 нови возила за потребите на АРМ. Како Влада, инвестираме во модернизација на институциите, подобри јавни услуги и поголема безбедност за сите граѓани. Се грижиме за потребите на граѓаните и градиме посилна, поефикасна и современа држава“, напиша премиерот Мицкоски.

 






Поврзани содржини