🎥 „ФРАНЦИЈА ГОРИ, ПРЕЗЕМЕТЕ КОНТРОЛА ПРЕД ДА СТАНЕ ПРЕДОЦНА“ Трамп ја повика земјата да ги затвори границите
Имиграцијата на луѓе од сосема поинаков свет, луѓе со омраза во нивните срца, ја уништи таа некогаш голема земја, објави претседателот на САД, Доналд Трамп.
Претседателот на САД, Доналд Трамп повика на итни мерки по насилните протести што ја зафатија Франција за време на викендот.
„Франција гори! Имиграцијата на луѓе од сосема поинаков свет, луѓе со омраза во нивните срца, ја уништи таа некогаш голема земја. Затворете ги вашите граници и преземете контрола, пред да биде премногу доцна“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.
Des véhicules de police sont prises pour cible par la foule dans le secteur République à Paris.
#Paris #17octobre https://t.co/yMReav1Tie
— Luc Auffret (@LucAuffret) October 17, 2026
Неговата реакција дојде откако протестите против високите трошоци за живот и лошата состојба на јавните услуги, на кои излегоа над половина милион граѓани низ цела Франција, се претворија во насилни немири во неколку француски градови.
Најмалку 1.800 луѓе беа уапсени во судири со полицијата.
🇫🇷 Footage from central Paris today amid intense rioting across France. https://t.co/Q8YnbJmh2a
— Europa.com (@europa) October 17, 2026
Францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе се обрати до нацијата вечерва во 20 часот поради ескалацијата на насилството. Тој ќе одржи итен состанок со највисоките владини претставници пред обраќањето. Макрон веќе го осуди насилството на протестите во саботата и рече дека одговорните ќе бидат казнети.
По најавата за обраќањето на Макрон, во Париз попладневно граѓаните пак почнаа да се собираат на улиците.