🎥 „БОГ ЗНАЕ КАКВИ ЌЕ БИДАТ ПОСЛЕДИЦИТЕ“ Рама не поднесува оставка и предупредува на ескалација со крвопролевање

Се обидував да не се мешам и трпеливо да ги следам и да ги координирам напорите, за да не паднеме во стапицата на крволочното насилство, рече денеска во видео обраќање премиерот на Албанија, Еди Рама, кој покажа камен за кој рече дека е земен од тротоарот во Тирана за да биде фрлен врз полицијата, ги нарече ваквите дејствија криминални, но инсистираше дека полицијата мора да остане воздржана.

5

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ги отфрли повиците за негова оставка искажани на засилените улични протести низ целата земја, кои почнаа деновиве како студенски протести. Тој изјави дека овие протести не претставуваат закана за неговата влада, туку за напредокот на Албанија кон членство во Европската Унија.

Во обраќање емитувано на Фејсбук, Рама наведе дека ниту тој, ниту неговата влада не се оние што се ставени на тест – наместо тоа, протестите претставуваат предизвик за патот кон ЕУ.






– Албанците треба многу јасно да размислат: дали го сакаат ова, дали го сакаат она, или пак ја сакаат ЕУ – рече Рама во обраќањетп.

Тој рече дека владите се менуваат на избори, а не преку насилство на улиците и повтори дека негов приоритет е продолжување на европската интеграција на Албанија.

Наведе дека демонстрантите не презентирале конкретни причини зошто тој треба да поднесе.

Рама ги повика студентите да „спроведат директна и разумна дебата“ за причините зошто бараат негово отстранување од премиерската функција.

– Барем дојдете и убедете ме зошто треба не треба да си одам – рече Рама.

Според него, зад протестите стојат надворешни сили.

– Бог знае какви ќе бидат последиците. Нема млади луѓе, нема студенти, ниту пак малолетници на кои воопшто би им паднало на памет да спроведат ваков план – рече Рама.

Ова е дело на надворешна рака, посочи тој.

– Се обидував да не се мешам и трпеливо да ги следам и да ги координирам напорите, за да не паднеме во стапицата на крволочното насилство – додаде Рама, нагласувајќи дека добро ја познава историјата на булеварот каде што се одржуваат протестите.

Зборувајќи за опасноста од ескалација, Рама потсети на 21 јануари 2011 година, кога безбедносните сили убија 4 лица за време на антивладините демонстрации во Тирана на протестите што  ги организираше неговата, тогаш опозициска Социјалистичка партија против владата на тогашниот премиерот Сали Бериша.

Според него, токму поради ова искуство се обидува да спречи сегашните конфликти да завршат со уште еден фатален исход и нагласи дека насилното однесување на поединечни демонстранти не смее да биде причина полицијата да ја изгуби контролата затоа што „на крајот на краиштата, нивните животи вредат повеќе од сè друго“.

Во обид да спречат нови напади врз полицијата, албанските власти почнаа да ги отстрануваат камените плочки од булеварот Национални херои во близина на канцеларијата на премиерот и другите државни институции.

Демонстрантите користеа камења и други предмети во таа област во текот на претходните денови за да ги нападнат полициските кордони.

За време на своето обраќање, Рама покажа камен за кој рече дека е земен од тротоарот и наменет да биде фрлен врз полицијата.

– Ова е еден од илјадниците камења земени од тротоарот на овој булевар за да бидат фрлени врз полицијата. Тоа е практично оружје кое може да биде смртоносно – рече албанскиот премиер.

Тој предупреди дека ударот во главата со камен може да предизвика сериозни, па дури и фатални повреди. Како пример, тој го наведе повредувањето на полицаец во Скадар, посочувајќи ја сериозноста на последиците од нападите со такви предмети.

Според него, демонстрантите фрлале камења, метални прачки и завртки кон полицајците, со кои се обиделе сериозно да ги повредат. Рама ги нарече ваквите дејствија криминални, но во исто време инсистираше дека полицијата мора да остане воздржана.

Демонстрантите, кои бараат оставка од премиерот Рама, веќе неколку дена организираат насилни протести низ целата земја. Во Тирана, тие запалија повеќе владини канцеларии и банки, а дојде и до жестоки судири со полицијата, која користи солзавец и водени топови.

Немирите следуваат по неколкумесечни, главно мирни протести против проектот за изградба на луксузен комплекс во Албанија, проект во кој е вклучен Џаред Кушнер – зетот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Демонстрантите  ја обвинуваат власта за корупцијата и за лоша економска состојба.

Вкупниот број повредени во протестите во Тирана во изминатите 5 дена достигна 272, а во болница на лекување се задржани 12 демонстранти, соопшти денеска албанското Министерството за здравство.

За време на протестот вчера се повредени 65 лица.

Меѓу повредените има 37 полицајци, 24 демонстранти и четворица минувачи, меѓу кои и едно малолетно лице.

Протестите продолжуваат и денеска со силен интензитет и големи судири меѓу демонстрантите и полицијата.

📽️ ПРОТЕСТИТЕ ВО ТИРАНА ЕСКАЛИРААТ, УАПСЕНИ 1.000 ЛИЦА Тинејџер е погоден со гумен куршум

Поврзани содржини