🎥 ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО НАПРАВИЈА ОД ПАРИЗ Градоначалниците на трите најголеми француски градови бараат итна средба со премиерот

Полицијата објави дека невообичаено големи организирани групи, од 500 до повеќе од 1.000 луѓе, учествувале во насилството. Вкупната материјална штета сè уште се проценува.

0

Франција од утрово прави преглед на штетите по големите немири што зафатија бројни градови синоќа. Нови фотографии покажуваат уништени продавници, изгорени возила и улици покриени со остатоци.

Рекордни 855 лица се уапсени само во Париз.






Градоначалниците на трите најголеми француски градови, Париз, Марсеј и Лион бараат итна средба со премиерот.

Во центарот на Париз, општинските служби ги расчистуваат последиците од уништувањето од синоќа. Околу Плоштадот на Републиката и на главните булевари има скршени излози, ограбени продавници и купишта изгорени велосипеди и скутери.

Уништени се многу деловни простории, а некои продавници се речиси целосно празни.

Полицијата објави дека невообичаено големи организирани групи, од 500 до повеќе од 1.000 луѓе, учествувале во насилството. Вкупната материјална штета сè уште се проценува.

Францускиот министер за трговија Серж Папен изјави утрово дека државата е подготвена да им помогне на трговците чии деловни простории се уништени или ограбени.

Министерот за правда Жералд Дарманин побара од државните обвинители да преземат решителни мерки против осомничените за насилство и грабежи, вклучително и барање притвор.

Во Лимож, каде што вчера изгоре градското собрание од 19. век, пожарникарите утрово сè уште ги гаснат последните жаришта.

За денеска во градот е најавен граѓански митинг против насилството и во поддршка на локалната заедница.

Насилството дополнително ги влоши политичките конфликти во Франција. Премиерот Себастијан Лекорну ги обвини крајнолевичарските групи за поттикнување на немирите и го критикуваше лидерот на Неосвоената Франција, Жан-Лук Меланшон, за префрлање на одговорноста на полицијата.

Мелшон возврати на обвинувањата дека безбедносната стратегија на владата придонела за ескалација на конфликтот. Тој ги осуди грабежите, но повторно го критикуваше начинот на кој полицијата се однесуваше кон демонстрантите.

Протестите во саботата привлекоа помеѓу 550.000 и 800.000 луѓе. Повеќето од демонстрациите беа мирни, но немирите во неколку големи градови траеја доцна во ноќта.

📽️ ФРАНЦИЈА ВРИЕ, ДЕМОНСТРАНТИТЕ УПАДНАА ВО ГРАДСКО СОБРАНИЕ Солзавец во Париз, 166 лица се уапсени

Поврзани содржини