📽️ ТУРСКИ БРОД СЕ ЗАПАЛИ И ПОТОНА ВО ЦРНОТО МОРЕ Според Зеленски руски дронови гаѓале во неутрални води
Единаесет членови на екипажот биле спасени, еден е повреден, а информациите за втората жртва засега се разликуваат. Романските власти потврдија пожар и потонување на бродот, но сè уште не соопштија што го предизвикало инцидентот.
Два руски беспилотни летала погодиле цивилен товарен брод во Црното Море, при што загинал капетанот, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски. Бродот „Роџад Мамадов“, кој бил во турска сопственост и превезувал пченка, се запалил во близина на романските територијални води, а потоа потонал.
„Ужасен напад од два руски беспилотни летала врз цивилен брод во неутрални води што превезуваше пченка, во сопственост на Турција. На бродот имаше граѓани на Азербејџан и Индија“, објави Зеленски на Икс.
Романското Министерство за внатрешни работи потврди дека членовите на екипажот биле спасувани од бродот, но засега не ја наведе причината за пожарот. Националната поморска администрација го идентификуваше пловилото како „Роџад Мамадов“.
Според Зеленски, капетанот загинал, 11 членови на екипажот биле спасени, а еден од нив е повреден.
– За жал, во моментов знаеме дека капетанот на бродот починал. Изразувам сочувство. Се утврдува судбината на уште едно лице. Единаесет членови на екипажот се спасени, од кои еден е повреден – наведе украинскиот претседател.
🇷🇴 A Turkish grain ship, the Royad Mammadov, was hit by a suspected drone in the Black Sea off Romania
A major fire broke out, and the vessel is at risk of sinking.
The captain is injured. Thirteen crew are missing. https://t.co/m3DChLWyp1
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 5, 2026
Првичните информации за бројот на загинатите не се целосно усогласени. Романските податоци наведуваат две жртви, додека Зеленски зборува за загинат капетан и уште едно лице по кое се трага.
Русија засега не го коментирала конкретниот инцидент. Руското Министерство за одбрана, сепак, во претходно соопштение навело дека руските сили погодиле два товарни брода.
Бродот пловел под знамето на Свети Китс и Невис кон Равена во Италија, а според „ВеселФајндер“, последното пристаниште од кое испловил било украинскиот Измаил. Романските медиуми објавија дека инцидентот се случил во близина на нафтена платформа со која управува романската енергетска компанија ОМВ Петром.
Романија е членка на НАТО и има 614 километри долга копнена граница со Украина. Од почетокот на војната повеќепати беа регистрирани инциденти со руски беспилотни летала во романскиот воздушен простор, додека пловечките мини во Црното Море претставуваат дополнителен ризик за трговските и енергетските рути.