ИЗВОЗОТ ПОРАСНАЛ ЗА 8,7% Македонија најмногу тргува со Велика Британија, Кина, Грција и со Србија
Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.
Вкупната вредност на извозот на стоки од земјава, во периодот јануари – август годинава, изнесува 5,74 милијарди евра и бележи пораст од 8,7% во однос на истиот период лани. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 8,15 милијарди евра, што е за 7,9% повеќе во споредба со истиот период од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – август 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49,7% во вкупниот обем на размената.
Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,5% во вкупната размена.