ГЕРМАНИЈА Е ВО РИЗИК ОД НАСИЛЕН КОНФЛИКТ СО РУСИЈА Проценка на разузнавачката служба БНД

Русија води хибридна кампања со кибернапади и напади со беспилотни летала, тврди првиот човек на германското разузнавање.

0

Германија се соочува со ризик од насилен конфликт со Русија бидејќи Москва ја интензивира својата хибридна војна против европските демократии – предупреди денеска директорот на Германската служба за надворешно разузнавање (БНД), Мартин Јегер.

На годишното сослушување на директорите на разузнавачките агенции пред парламентот, тој истакна дека конфликтот со Русија, кој ѝ се заканува на Германија, има нова, поопасна димензија.






– Германија е во опасност да биде вовлечена во насилен конфликт со Русија. Обидот за напад во Лајпциг е само еден пример – посочи Јегер.

Германските власти постојано предупредуваат дека Русија води хибридна кампања на кибернапади и напади со беспилотни летала и ја обвинија Москва за обид за напад со беспилотни летала врз аеродромот во Лајпциг во август.

Русија негира каква било намера за напад врз земјите членки на НАТО.

– Ние никому не му се закануваме. Немаме намера да нападнеме никого, било да е тоа во 2029, 2030 или 2050 година, но ако се соочиме со агресија, нема да имаме друг избор, освен да одговориме – изјави минатата недела рускиот претседател Владимир Путин.

Поврзани содржини