РЕКОРДНИ 15.000 НАТПРЕВАРУВАЧИ ТРЧААТ НА СКОПСКИОТ МАРАТОН За главната трка се пријавени 800 маратонци

Годинешното издание повторно носи четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка.

84

Со рекордни 15.050 натпреварувачи од 63 земји утрово почна Виз Ер Скопскиот маратон. Покрај рекордниот број учесници, на стартот се појавија и елитни тркачи од повеќе земји. Најбројни по земји, покрај учесниците од Македонија, се натпреварувачите од Србија, Германија, Велика Британија и Турција.

Годинешното издание повторно носи четири трки – маратон на 42,195 километри, полумаратон на 21 километар, трка на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетна трка.






Први стартуваа учесниците на трката од 5 километри во 8 часот, додека пет минути подоцна од Рекорд тргнаа маратонците, полумаратонците и штафетите.

Годинава во главната трка се пријавени 800 тркачи, од македонските најголем фаворит е минатогодишниот победник Дарио Ивановски. За полумаратонот се пријавени околу 3.000 тркачи.

Поради маратонот, утрово во Скопје е воведен посебен режим на сообраќај, а повеќе улици и булевари во Центар, Карпош и Аеродром се привремено затворени или со пренасочен сообраќај.

Поврзани содржини