ДЕНОТ ЗАПОЧНА СО МИНУСНА ТЕМПЕРАТУРА Во Берово измерени 4 степени под нулата

Во главниот град се измерени шест степени над нулата.

1

Најниска температура утрово е измерена во Берово – 4 степени. Во Битола температурата беше еден степен, во Скопје-Петровец, Маврови Анови, Струмица, Демир Капија, Тетово два, на Попова Шапка, Крива Паланка, Прилеп три, во Велес и Куманово 4, во Штип, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, 6 Скопје-Зајчев Рид, Крушево и Претор пет и во Виница седум степени.

Утрото е ведро и студено, а во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.






Во Скопје, времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

Поврзани содржини