В НЕДЕЛА ЗАТВОРЕНИ УЛИЦИ ВО ИЛИНДЕН, МАРИНО И КАДИНО Атлетска трка ќе го промени сообраќајниот режим од 8 часот

Атлетската трка ќе започне во 08:00 часот од пред Домот на културата, а трасата ќе минува низ Илинден, Марино и Кадино, поради што сообраќајот ќе биде пренасочуван.

0

Во недела посебен режим на сообраќај во Општина Илинден поради атлетска трка со почеток во 08:00 часот, во организација на Здружение Атлетски клуб „Скопски Маратон“ Скопје.

Од полицијата информираа по која траса ќе се движат натпреварувачите. Таа започнува од ул. 9 пред Домот на културата во општина Илинден, продолжува право по ул. 534 во населба Илинден, потоа по ул. 532 во с. Марино, по ул. 10 во с. Кадино каде на кружниот тек се врти полукружно назад по истите улици – ул. 10 , ул. 532 , ул. 534 и ул. 9 , па се продолжува по ул. 2 се до Домот за стари лица каде се врти полукружно назад по ул. 2 се до целта пред Домот на културата на ул. 9 во населба Илинден.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.






Поврзани содржини