📽️ НЕВООБИЧАЕНА БАНДА „ПАТРОЛИРА“ НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ Жителите на Солун во шок, се појавија неверојатни снимки

Цел чопор од 12 диви свињи во текот на ноќта се појавил во станбената населба Триандрија во Солун, каде што мирно се движел меѓу паркирани автомобили и згради.

200

Несекојдневна глетка ги изненади жителите на Солун во текот на ноќта, откако цел чопор од дури 12 диви свињи се појави на улиците во станбената населба Триандрија.

Животните биле снимени како сосема мирно и без страв се движат по асфалтот, провлекувајќи се меѓу паркираните автомобили и станбените згради.






Се претпоставува дека потрагата по храна ги довела животните во урбаната средина, каде што, според наводите, природните извори на храна стануваат сè посиромашни.

Глетката ги шокирала и изненадила голем број минувачи и жители кои ги набљудувале дивите свињи од своите прозорци.

Сепак, ова не е првпат диви свињи да навлезат во населените делови на Солун. Слични случаи биле регистрирани и претходно, а стручњаците објаснуваат дека животните сè повеќе се приспособуваат на условите во градската средина.

Поради тоа, локалните власти редовно апелираат до граѓаните да останат смирени доколку наидат на диви свињи, да не им се приближуваат и во никој случај да не ги хранат.

Снимката од необичната „ноќна патрола“ на 12-те диви свињи брзо привлече внимание, особено поради тоа што животните без страв се движеле меѓу зградите и автомобилите.

 

Поврзани содржини