📽️ НЕОЧЕКУВАН КОНЦЕРТ НА ЏАСТИН БИБЕР ВО ПАРК ВО ЛОС АНЏЕЛЕС Пејачот имаше импровизиран настап пред изненадените посетители

Џастин Бибер без најава се појави во „Мекартур парк“ во Лос Анџелес и одржа импровизиран настап со неколку музичари, а посетителите веднаш ги извадија телефоните.

1

Џастин Бибер ги изненади посетителите откако без најава се појави во „Мекартур парк“ во Лос Анџелес, и одржа импровизиран музички настап.

32-годишниот пејач седнал на тревата со група музичари и почнал да свири и да пее. Во снимките што се проширија на социјалните мрежи се гледа како Бибер свири на тапан, додека околу него музичари свират на гитари и тамбура. Меѓу песните што ги изведувал биле и „Let Me Love You“, а според локалните медиуми ги свирел и „Speed Demon“, „All I Can Take“ и „Yukon“.






Посетителите брзо го препознале и почнале да ги вадат телефоните за да го снимат неочекуваниот настап. Бибер делува расположен и се гледа како разговара со луѓето што се собрале околу музичарите.

@ww502barby.chicafeliz

#famoso hosting

♬ sonido original – Leonel Zhorto

Посебно внимание привлече моментот кога на пејачот му пријде мало момче. Бибер му ја подаде раката за поздрав и му рече дека е „многу слатко“. На детето му дадоа и тамбура, но и покрај охрабрувањето од семејството, тоа не се вклучи во свирењето.

Настапот е интересен и поради тоа што „Мекартур парк“ во последните месеци беше во центарот на вниманието поради полициски акции поврзани со криминал и употреба на дрога. Окружниот обвинител на Лос Анџелес, Нејтан Хохман, дури го посочи ненадејниот настап на Бибер како знак дека условите во паркот се подобруваат.

Бибер годинава повторно се врати на големата сцена. Во април настапи како главна ѕвезда на „Коачела“, каде изведе 34 песни, а претходно во март имаше и интимен настап во „Рокси“ во Западен Холивуд.

Тој и сопругата Хејли Бибер во 2024 година го добија синот Џек Блуз, а пејачот во последно време споделува и моменти од времето поминато со него, при што лицето на детето намерно не го покажуваат јавно.

@ww502barby.chicafeliz

#yostin #en macArthur Park

♬ sonido original – 🇬🇹SonyGT502👸👩‍🍳🇺🇸

Поврзани содржини