ПОЗНАТА ЅВЕЗДА БИЛА НАПАДНАТА ОД КУЧЕ  Актерката тврди дека поради лузната на лицето ги изгубила сите работни ангажмани

Наташа Вилсон го тужи сопственикот на кучето кое скокнало врз неа додека го шетала своето милениче во парк во Лос Анџелес. Кучето ја нападнало и ја каснало додека го штитела својот француски булдог, оставајќи ѝ трајна лузна на лицето

0

Американската актерка Наташа Вилсон доживеала вистинска траума за време на прошетка со својот француски булдог во парк во близина на Лос Анџелес. Додека се обидувала да го заштити своето милениче од друго куче, животното ја нападнало и ја каснало за лицето, оставајќи ѝ трајна и видлива лузна. Актерката тврди дека повредата сериозно ѝ ја нарушила кариерата и дека поради неа ги изгубила работните ангажмани.

Вилсон сега поднела тужба против сопственикот на кучето, Грегори Марсел. Според судските документи, инцидентот се случил на 7 ноември 2024 година, околу 21:40 часот, кога актерката го шетала својот француски булдог во парк за кучиња. Таму се сретнале со Марсел и неговото куче по име Скруфи, кое почнало агресивно да се однесува кон нејзиното милениче.






Обидувајќи се да го спаси својот булдог, Наташа го кренала во раце, но Скруфи скокнал кон неа, поради што го испуштила кучето. Нападот продолжил и откако актерката паднала на земја. Таа со телото и рацете се обидувала да го заштити миленичето, но животното ја каснало над десната веѓа, предизвикувајќи длабока рана и крвавење.

По нападот, актерката била пренесена во ургентен центар, а сопственикот на кучето ја придружувал. Лекарите ѝ ја зашиле раната со неколку конци и ѝ препишале антибиотици.

Трајни последици и изгубени работни ангажмани

Во тужбата се наведува дека повредата оставила траен, видлив и болен белег над десната веѓа. Освен лузната, актерката тврди дека ѝ се промениле обликот на веѓата и растот на влакненцата, а има и отежната подвижност на десната веѓа.

Според нејзините наводи, последиците од нападот ја спречиле да ја извршува својата вообичаена професија, поради што претрпела финансиска загуба и намалена способност за заработка. Во судските документи се наведува и дека ѝ била препорачана операција за корекција на лузната, како и дополнително лекување.

Вилсон бара надомест за медицинските трошоци, изгубените плати и идната загуба на заработката, како и за претрпената штета.

Актерката која глумеше во филмовите „The Best Version of Love“ и „Ready to Jingle“, вели дека нападот оставил последици не само врз нејзиниот изглед туку и врз професионалниот живот.

 

Поврзани содржини