ИРАН БАРА КРАЈ НА НЕПРИЈАТЕЛСТВАТА И НА БЛОКАДАТА, А СИ ГИ БАРА И ПАРИТЕ Техеран чека одговор од Трамп
Иран им ги претстави на посредниците своите услови за продолжување на преговорите за ставање крај на војната со САД, изјави секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност Мохсен Резаеи.
Иран им ги претстави на посредниците своите услови за продолжување на преговорите за ставање крај на војната со САД, изјави секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност Мохсен Резаеи во интервју за Ал Џезира.
Условите вклучуваат прекин на непријателствата на сите фронтови, одмрзнување на иранските средства и укинување на поморската блокада.
Резаеи додаде дека се во тек консултации со катарските и со пакистанските претставници, а Техеран очекува одговор од американскиот претседател Доналд Трамп.