МЕДВЕДЕВ ПРЕДЛАГА ВОЕН ОДГОВОР КОН САД ПОРАДИ НОВИТЕ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА Само тој јазик го разбираат и треба да го користиме

И преку океанот го разбираат само јазикот на директното воено одвраќање, а токму тој јазик треба да го користиме, објави заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

197

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека Русија треба да одговори на новите американски санкции со „директно воено одвраќање“, еден ден откако претседателот на САД Доналд Трамп потпиша нов пакет мерки против Москва.

„И преку океанот го разбираат само јазикот на директното воено одвраќање, а токму тој јазик треба да го користиме за да одговориме на русофобичните гадоости како што е законот на мртвиот терорист (Линдзи) Греам“, напиша Медведев на Телеграм.






Медведев, кој моментално е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, не објаснува што конкретно би подразбирал таков одговор, ниту пак најави некаква конкретна руска воена акција.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша закон со кој значително се прошируваат американските санкции и другите економски мерки против Русија поради војната во Украина.

Белата куќа потврди дека законот ги проширува санкциите, царините и забраните поврзани со Русија.

Мерките се насочени кон руски функционери, банки, енергетскиот и одбранбениот сектор, како и кон пловни објекти од руската „флота од сенка“, која Москва ја користи за заобиколување на ограничувањата за извоз на енергенси. Законот исто така му дава овластување на претседателот Трамп да воведе царини до 100 отсто за големите купувачи на руска нафта или гас, со одредени исклучоци.

По неколкумесечни преговори, законот беше усвоен во Конгресот – со 86 гласа „за“ и 11 „против“ во Сенатот и 262 „за“ и 159 „против“ во Претставничкиот дом.

Пакетот го носи името на републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој работеше на него повеќе од една година заедно со демократскиот сенатор Ричард Блументал. Греам ненадејно почина во јули, кратко по враќањето од Украина, а овој закон стана еден од последните големи проекти на кои работеше и го носи неговото име.

Дмитриј Медведев и претходно му се закануваше на Западот со воени одговори. Тој постојано ја спомнува можноста за употреба на нуклеарно оружје и ги предупредува земјите од НАТО за последиците од нивната воена поддршка за Украина. Минатата година, еден спор со Трамп ескалираше дотаму што американскиот претседател нареди прераспоредување на две американски нуклеарни подморници, откако Медведев во една објава го спомена рускиот систем за нуклеарен одговор,  познат како „Мртва рака“.

Засега, нема официјална реакција од Москва на новите американски санкции.

ТРАМП ПОТПИША САНКЦИИ ЗА РУСИЈА, НА УДАР И ЕУ И ТУРЦИЈА Путин ја повика Европа на соработка

Поврзани содржини