УНГАРИЈА ЌЕ ИМ ИСПЛАЌА ПО 13,75 ЕВРА МЕСЕЧНО НА ОНИЕ ШТО ВОЗАТ ДИЗЕЛ ВОЗИЛА Помош поради наглото поскапување

Литар бензин на повеќето бензински пумпи во Унгарија чини во просек 1,77 евро, а литар дизел достигнува и до 1,90 евро.

88

Унгарската Влада ќе им исплаќа парична помош на дел од возачите во земјата за да им помогне да се справат со наглото зголемување на цените на горивата.

Според владината уредба објавена во петокот во унгарскиот Службен весник, сопствениците на возила со дизел-мотор со моќност помала од 110 киловати (150 коњски сили) ќе добиваат по 5.000 форинти (13,75 евра) месечно, во периодот од септември до декември.






Цените на горивото во Унгарија нагло пораснаа по почетокот на војната во Иран во февруари. Литар бензин на повеќето бензински пумпи чини во просек 1,77 евро (1,90 долари), а литар дизел достигнува и до 1,90 евро.

За да го остварат правото на парична помош, сопствениците на возила не треба да поднесуваат барање. Унгарската даночна управа, која ги поседува и податоците за регистрација на возилата, автоматски ќе ги префрли соодветните износи на оние што ги исполнуваат условите.

Премиерот Петер Маѓар ја оправда одлуката за ограничување на помошта само на возачите на дизел-возила со образложение дека цената на овој вид гориво претрпела особено голем пораст во изминатиот период.

 

ЛИТАР БЕНЗИН ВО ДАНСКА Е 2,56 ЕВРА, ЛИТАР ДИЗЕЛ ВО ФИНСКА Е 2,51 ЕВРА Цените на горивата во Европа уриваат рекорди

Поврзани содржини