🎥 ЖЕНА ИЗЛЕЗЕ ОД ПОРШЕ, ФРЛИ ЃУБРЕ ВО ЛЕПЕНЕЦ И МАФНА ЗА ЧАО Скопјани гневни по шокантната снимка, бараат да се казни загадувачката

На видеото се гледа како таа застанува со „поршето“, фрла кеса со ѓубре во реката иако е свесна дека друг граѓанин  ја снима од своето возио. Се слуша како снимателката луто ѝ довикува „фрлај, фрлај“. 

47

На социјалните мрежи  се појави шокантно видео на кое се гледа како жена со возило марка „порше“ застанува на мост на реката Лепенец и фрла кеса со ѓубре директно во речното корито.

Снимката предизвика остри реакции и револт кај граѓаните, кои бараат жената да биде пронајдена и да добие соодветна казна.






Местото каде што е снимено видеото е кај устието на Лепенец во Вардар.

На видеото се гледа како таа застанува со „поршето“, фрла кеса со ѓубре во реката иако е свесна дека друг граѓанин  ја снима од своето возио. Се слуша како снимателката луто ѝ довикува „фрлај, фрлај“.  Загадувачката откако ја фрли кесата ѝ мафна на снимателката и ѝ довикна „чао“.

Поврзани содржини