ОПШТИНА ЦЕНТАР КАЗНИ 4 ГРАДИЛИШТА Оставале шут, правеле неред, казните од 1.300 до 1.800 евра
Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не ги узупираат јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните.
Инспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа, соопшти Општината.
Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот.
– Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран – изјави градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.
Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не ги узупираат јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните.