🎥 ОД ПЛАЧ И МОЛК ДО ГНЕВ НА УЛИЦИТЕ Немири во Приштина по пресудата за Тачи

Реакциите во главниот град на Косово почнаа уште веднаш по објавувањето на пресудата – граѓани кои се собраа на плоштадите плачеа, се прегрнуваа и изразуваа разочарување, а потоа дел од демонстрантите почнаа да протестираат, при што имаше и судири со полициските сили.

310

Приштина денеска е во знакот на немири и тензии по пресудата на Специјалниот суд во Хаг со која поранешниот косовски претседател и политички лидер на ОВК, Хашим Тачи, беше осуден на 25 години затвор за воени злосторства.

Реакциите во главниот град на Косово почнаа уште веднаш по објавувањето на пресудата – граѓани кои се собраа на плоштадите плачеа, се прегрнуваа и изразуваа разочарување, а потоа дел од демонстрантите почнаа да протестираат, при што имаше и судири со полициските сили.

 






Според извештаи од теренот, протестантите тргнаа кон зградата на ЕУЛЕКС, каде што се наоѓаат канцелариите на Специјализираните совети во Хаг. Таму се судри со полицијата која ги спречи насобраните да влезат во објектот.

 

Безбедносните мерки во центарот на Приштина се засилени. Полицијата уште пред изрекувањето на пресудата постави бариери околу владините институции и распореди дополнителни сили.

 

Тензиите денеска се надоврзуваат на масовниот собир од саботата, кога десетици илјади луѓе се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Приштина во знак на поддршка за Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. На собирот беа истакнати знамиња и фотографии на поранешните команданти на ОВК, а учесниците бараа четворицата да бидат ослободени. Најавите за можни тензии по пресудата беа причина косовските власти и безбедносните структури однапред да подготват мерки за зголемена безбедност.

Утринава, пред да биде прочитана пресудата во Хаг, граѓаните почнаа да се собираат на повеќе плоштади во Приштина, како и во другите градови во Косово.

И во Хаг денеска имаше немири ои изрекувањето на пресудата.

Во Хаг Тачи и тројцата други обвинети беа прогласени за виновни за убиства, незаконско или произволно притворање, тортура и сурово постапување. Според пресудата, Тачи е кривично одговорен за убиството на 96 лица, незаконското притворање на 385 лица, тортура врз 303 лица и сурово постапување со 49 лица. Судот, сепак, ги ослободи обвинетите од дел од обвиненијата за злосторства против човештвото, оценувајќи дека обвинителството не обезбедило доволно докази за тие точки.

Тачи, Весели, Селими и Красниќи ги негираа обвиненијата. Следува жалбената постапка, бидејќи денешната одлука е првостепена.

ХАШИМ ТАЧИ ОСУДЕН НА 25 ГОДИНИ ЗАТВОР Лично учествувал во воени злосторства

Поврзани содржини