ИНЖЕНЕРИТЕ СЕ НАЈВАЖНА АЛКА ВО ИЗГРАДБАТА НА ТРАНСПОРТНИТЕ КОРИДИРИ Македонија домаќин на научната конференција Eurock 2026

Според вицепремиерот Николоски, Скопје и Македонија имаат чест да се домаќини оваа година и тоа не е случајно, тоа е поради победата што во 2023 година Градежниот факултет ја имаше на собирот во Салцбург, каде што го освои првото место во делот на иновативност и затоа оваа година овој собир се одржува во Скопје.

48

Македонија има стратешка позиција на Балканот, тука се пресекуваат двата транспортни коридора 8 и 10, што ја прават централна транзитна држава на европскиот транспорт. Владата го реализира најобемниот инвестициски циклус од неколку милијарди евра за изградба и модернизација на патната и железничката мрежа во државата. Во вакви услови инженерската експертиза има силно влијание во реализација на проектите – истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на научната конференција Eurock 2026, што ја организираа Друштвото за геотехника на Македонија и Градежниот факултет.

Како што оцени Николоски, престиж е што Македонија е домаќин на еден од најголемите собири во делот на градежништвото, каде што професори од целиот свет дискутираат за инженерски предизвици.






– Скопје и Македонија имаат чест да се домаќини оваа година и тоа не е случајно, тоа е поради победата што во 2023 година Градежниот факултет ја имаше на собирот во Салцбург, каде што го освои првото место во делот на иновативност и затоа оваа година овој собир се одржува во Скопје. Навистина е прекрасно да се видат некаде 600-ини професори од целиот свет, од сите делови на светот, како дискутираат за најголемите инженерски предизвици што се во делот на градежништвото, нешто што секако ќе помогне многу и на нашиот факултет и на нашите професори и научници, кои секако ќе ни помогнат и на нам да реализираме уште повеќе проекти – напомена Николоски.

На конференцијата учествуваат 600 научници од целиот свет.

Поврзани содржини