АВТОПАТОТ СКОПЈЕ – БЛАЦЕ ДОБИЛ ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДЕЊЕ ВО АВГУСТ Во овој месец има пораст на одобренијата за градба од 18,9%

Според одобренијата за градба предвидена е изградба на 1.030 станови што е двојно повеќе од истиот месец лани.

1

Изградбата на автопатот Скопје-Блаце за кој одобрение за градба било дадено во август ја крена предвидената вредност на објектите за 315,5% во овој месец кога се издадени уште 17 одобренија за изградба на објекти од нискоградба.

Според соопштеното од Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите изнесува 21.777.160.000 денари (354 милиони евра).






Во август 2026 година се издадени 333 одобренија за градење или за 18,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Стандардно најмногу (224) одобренија се издадени за високоградби од кои 105 се за објекти во Скопскиот регион. Вкупно 18 одобренија се за објекти од нискоградба и 91 за објекти за реконструкција.

Од вкупно 333 објекти, на 231 (69,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 102 (30,6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.030 станови со вкупна корисна површина од 80.530 м2 и повторно  Скопскиот регион е со најголем број – 555 станови, а по него следи  Југозападниот регион со 152 стана, и Вардарскиот регион со 94 стана.

Поврзани содржини