ГО БЛОКИРАЛ СООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ, ПОЛИЦИЈАТА ГО НАЈДЕ Возачот на „Форд“ повикан во станица, следи казна
Возачот на „Форд“ со скопски регистарски ознаки го попречувал нормалното одвивање на сообраќајот на 7 октомври на улицата Васил Војвода Чакаларов.
Полицијата презеде мерки против возач на „Форд“ со скопски регистарски ознаки, кој на 7 октомври го попречувал нормалното одвивање на сообраќајот на крстосницата на улицата Васил Војвода Чакаларов во Скопје.
Станува збор за Ш.А., кој денеска (9 октомври) бил повикан во СВР Скопје поради инцидентот, кој беше објавен и на социјалните мрежи.
Од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје презеле мерки против возачот согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Од полицијата не соопштуваат дополнителни детали за конкретните мерки што му се изречени на возачот.