СЕКОЈ ШТО КАЖУВА ВЕШТАЧКА НАМЕСТО СУПЕРИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е НЕПРИЈАТЕЛ НА САД Трамп инсистита да се користи новиот термин

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека терминот што го претпочита неговата администрација е широко прифатен и попрецизен, воспоставениот термин „вештачка интелигенција“ прави технологијата да изгледа лажна.

0

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека секој што го користи терминот „вештачка интелигенција“ е непријател, повторно повикувајќи да се користи зборот „суперинтелигенција“.

Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл напиша дека терминот што го претпочита неговата администрација е широко прифатен и попрецизен.






Фото: Принтскрин

 

Трамп инсистира на замена на терминот „вештачка интелигенција“ со „суперинтелигенција“, тврдејќи дека воспоставениот термин прави технологијата да изгледа лажна.

Милијардерот во технолошкиот сектор Илон Маск веќе најави планови за преименување на својата компанија за вештачка интелигенција „СпејсИксАИ“ во „СпејсИксСИ“.

И безбедносната заложба што ја потпишаа големите компании за вештачка интелигенција во Белата куќа на крајот на септември исто така го користеше терминот „суперинтелигенција“.

Водечките компании во индустријата „ОпенАИ“ и „Антропик“ продолжуваат широко да го користат терминот „вештачка интелигенција“.

Американскиот претседател најави дека ќе го промени називот во суперинтелигенција во неговото обраќање на Генералното собрание на Обденетоте нации минатиот месец.

Поврзани содржини