ТРИ НОВИТЕТИ ШТО ЌЕ ГИ ПОСАКАТЕ ВО ВАШАТА СЕКОЈДНЕВНА РУТИНА Mivolis изненадува со нови производи во dm

Во dm продавниците пристигнаа три нови производи од dm марката Mivolis кои носат различни можности за дополнување на секојдневната рутина

33

Со промената на сезоната се менуваат и секојдневните навики – топол напиток кога температурите ќе се спуштат, шолја ароматичен растителен чај во текот на денот или пастили што лесно може да бидат при рака. Во dm продавниците пристигнаа три нови производи од dm марката Mivolis кои носат различни можности за дополнување на секојдневната рутина – Mivolis напиток од бозел со витамин C и цинк, Mivolis Бахови пастили и Mivolis растителен чај од коморач, анасон и ким.

Особено интересен со приближувањето на постудените денови е Mivolis напитокот од бозел, кој во една порција содржи 300 мг витамин Ц и 5 мг цинк. Овие два нутриенти придонесуваат за нормална функција на имуниот систем, а истовремено помагаат и во заштитата на клетките од оксидативен стрес. Витаминот Ц има бројни функции во организмот, а бидејќи телото не може самостојно да го произведува ниту долгорочно да го складира, важно е неговото внесување преку исхраната. Цинкот, пак, е важен микроелемент вклучен во бројни метаболички процеси. Производот доаѓа во практично пакување од 20 кесички, а неговата дополнителна предност е што може да се консумира и топол и ладен. Во студените денови може да се подготви како пријатен топол напиток, додека во ладна варијанта нуди овошно освежување и кога температурите се повисоки.

 






Уште еден интересен новитет се Mivolis Баховите пастили, во пакување од 50 г. Тие се изработени со 7% есенција од Бахови цветови, според оригиналната, светски позната мешавина на д-р Едвард Бах. Пастилите имаат вкус на црвена рибизла, што им дава изразена овошна нота. Практичниот формат овозможува едноставно да се носат со себе, па лесно можат да најдат место во чантата и да бидат при рака во текот на денот.

 

За моментите резервирани за шолја топол напиток, новитет е и Mivolis растителниот чај од коморач, анасон и ким. Станува збор за внимателно избрана комбинација од три растителни состојки кои создаваат пријатен и хармоничен вкус. Пакувањето содржи 12 филтер-кесички, што овозможува брза и едноставна подготовка дома, на работа или секогаш кога ќе посакате топол растителен напиток.

Три производи, три различни начини да се надополни секојдневната рутина. Mivolis напитокот од бозел ги комбинира витамините и минералите со можноста за топла или ладна подготовка, Баховите пастили носат комбинација од 7% есенција од Бахови цветови и вкус на црвена рибизла, додека растителниот чај од коморач, анасон и ким е избор за љубителите на хармонични растителни мешавини.

Новите производи од dm марк Mivolis може да ги побарате во dm продавниците и да го одберете оној што најдобро одговара на вашите секојдневни навики.

Поврзани содржини