ОД ШАМПОН ЗА 55 ДЕНАРИ ДО НЕГА НА ЛИЦЕ ЗА 159 ДЕНАРИ Пет производи од dm што вреди да ги откриете!

Од нежна нега на косата и лицето, преку практични производи за женска хигиена, до интензивна нега на кожата и одржување на домот – овие пет производи од dm покажуваат дека секојдневните потреби можат да се задоволат и со внимателно избрани производи по пристапни цени.

25

Секојдневната грижа за себе и за домот не мора да подразбира големи трошоци. Понекогаш, токму практичните производи со пристапни цени се оние што најлесно стануваат дел од нашата рутина. Без разлика дали станува збор за нега на косата, чистење на лицето, заштита на сувата кожа, женска хигиена или одржување на бањата, во dm може да се најдат решенија за различни потреби и навики.

За нежна нега на косата – Balea Sensitive шампон за само 55 денари






Чувствителниот скалп бара внимателен избор на производи, особено кога станува збор за секојдневното миење на косата. Balea Sensitive шампонот, во пакување од 300 мл, чини само 55 денари и е наменет за нежно, но темелно чистење на косата и чувствителниот скалп. Неговата блага формула содржи екстракт од алое вера, кој помага во зачувувањето на природната хидратација на косата, како и витамин Б3 и провитамин Б5, кои се дел од комплексот за нега. Шампонот ја остава косата мека, негувана и свежа, без чувство на тежина. Дополнително, има веганска формула и не содржи силикони.

За чиста бања без наслаги – Denkmit средство за отстранување бигор за 75 денари

Наслагите од бигор, остатоците од сапун и трагите од вода се меѓу најчестите предизвици при одржувањето на бањата. За полесно справување со нив, тука е Denkmit средството за отстранување бигор од 500 мл кое е достапно по цена од 75 денари. Наменето е за отстранување бигор, ’рѓа и остатоци од сапун од кади, туш-кабини, мијалници, плочки и славини. Може да се користи и на површини како акрил, пластика и не’рѓосувачки челик, со што претставува практично решение за одржување на чистотата и сјајот во бањата.

За удобност во движење – Jessa Active Shape влошки за 69 денари

Во деновите на менструација, удобноста и сигурноста се особено важни, без разлика дали денот го поминуваме на работа, во движење или дома. Jessa Ultra Active Shape Lang хигиенските влошки, во пакување од 12 парчиња, се достапни по цена од 69 денари. Нивната анатомски приспособена форма е осмислена да го следи телото при различни движења, додека впивачкото јадро ја претвора течноста во гел и ја задржува во внатрешноста на влошката, заедно со непријатните мириси. Екстра меката површина придонесува за пријатно чувство при носење, а крилцата и лепливите ленти овозможуваат стабилно прилепување. Влошките не содржат мириси, а нивната подносливост за кожата е дерматолошки потврдена.

За нежно чистење на лицето – Balea Mild пена за миење лице за159 денари

Добрата рутина за нега на лицето започнува со соодветно чистење, особено кога кожата е сува или чувствителна. Balea Mild пената за чистење лице, во пакување од 150 мл, чини 159 денари и е наменета за нежно и темелно отстранување на нечистотиите. Формулата содржи екстракт од цвет од бадем и провитамин Б5, кои придонесуваат за нега на кожата при чистењето. По употребата, кожата останува со пријатно, меко чувство, без непријатно затегнување. Подносливоста на производот за кожата е дерматолошки потврдена, а формулата не содржи микропластика и водорастворливи, целосно синтетички полимери.

За интензивна нега на сувата кожа – Balea маст со невен за 129 денари

Balea Melkfett со невен, во пакување од 250 мл, е богата заштитна маст наменета за интензивна нега на сувата кожа. Нејзината формула помага во заштитата од надворешни влијанија и прекумерно губење влага, придонесувајќи за мека и негувана кожа. Особено е погодна за употреба во студените денови, а може да се користи и за масажа. Производот има веганска формула и дерматолошки потврдена подносливост за кожата.

Од нежна нега на косата и лицето, преку практични производи за женска хигиена, до интензивна нега на кожата и одржување на домот – овие пет производи од dm покажуваат дека секојдневните потреби можат да се задоволат и со внимателно избрани производи по пристапни цени. Со цени од 55 до 159 денари, тие нудат можност за едноставно дополнување на рутината, без големо оптоварување на домашниот буџет.

Поврзани содржини