ОВОЈ ЕСЕНСКИ ПЛОД ПОМАГА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЛОШИОТ ХОЛЕСТЕРОЛ Кардиолог ја препорачува најдобрата намирница за здраво срце
Богато е со растителни влакна и антиоксиданти, а начинот на подготовка е важен за да се искористат неговите придобивки. Кардиологот Рохит Вупулури го издвојува како добар избор за есенската трпеза.
Зголеменото ниво на ЛДЛ-холестерол, познат како „лош“ холестерол, може да придонесе за создавање наслаги во артериите и да го зголеми ризикот од срцеви заболувања. Покрај редовната физичка активност и избегнувањето пушење, важна улога во одржувањето здраво ниво на холестерол има и исхраната.
Кардиологот Рохит Вупулури за „EatingWell“ го издвојува бататот, познат и како сладок компир, како добар есенски избор за здравјето на срцето. Еден поголем батат содржи околу шест грама растителни влакна.