РАСТЕ РЕЈТИНГОТ НА АФД ВО ГЕРМАНИЈА Мерц има најлош резултат досега
Според истражувањето, АфД во моментов има поддршка од 29 проценти од гласачите, што е за еден процент повеќе отколку во август.
Десничарската патрија Алтернатива за Германија (АфД) и понатаму е најсилна политичка партија во Германија, покажа истражувањето на институтот YouGov објавено денеска.
Според истражувањето, АфД во моментов има поддршка од 29 проценти од гласачите, што е за еден процент повеќе отколку во август.
Демохристијанската ЦДУ на канцеларот Фридрих Мерц и нејзината баварска сестринска партија ЦСУ паднаа на 18 проценти, што е нивен најлош резултат досега. Во споредба со претходниот месец изгубија два проценти.
Зелените пораснаа за еден процентен поен, на 16 проценти, додека Социјалдемократската партија на Германија (СПД), помлад партнер во владејачката коалиција со конзервативците на канцеларот Мерц, исто така зајакна за еден поен, на 13 проценти.
Левицата падна за 2 поени, на 10 проценти. Слободните демократи останаа на 5 проценти, додека популистичкиот Сојуз на Сахра Вагенкнехт порасна на 4 проценти.
Мнозинството од испитаниците, односно 59 проценти од нив, и понатаму ја сметаат АфД за крајно десничарска партија, додека 30 проценти од нив не го делат таквото мислење. Овој однос речиси и не се променил во однос на мај 2025 година.
Кога станува збор за можноста за соработка на другите партии со АфД, ставовите се променија. Вкупно 51 процент од испитаниците сметаат дека другите партии не треба однапред да ја исклучат соработката со АфД, во споредба со 44 проценти во август. Истовремено, 40 проценти од испитаните сметаат дека соработката со АфД треба целосно да биде исклучена, додека таков став во август застапувале 46 проценти од испитаниците.
Резултатите од истражувањето доаѓаат по силниот изборен успех на АфД во Саксонија-Анхалт, каде што партијата во почетокот на септември оствари уверлива победа.